Институтски Вести



ОДБРАНЕТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД м-р Ирина Петреска

17.11.2011

На ден 17.11.2011 во амфитеатарот “проф. д-р Ордан Печијаре” на Институтот за физика при ПМФ, кандидатот м-р Ирина Петреска јавно ја одбрани докторската дисертација со наслов “Квантномеханичка и молекуларно-динамичка студија на конформациони молекуларни прекинувачи”, изработена под менторство на акад. Љупчо Коцарев. Членови на комисијата за одбрана беа: акад. проф. д-р Љупчо Коцарев, проф. д-р Љупчо Пејов, проф. д-р Гертруд Цвикнагл, проф. д-р Олга Галбова, проф. д-р Даница Крстовска.




ОДБРАНЕТА МАГИСТЕРСКА РАБОТА ОД Јован Драган Јанушески

01.07.2011

На ден 01.07.2011 во амфитеатарот "Проф. д-р Ордан Печијаре" при Институтот за физика на ПМФ-Скопје, кандидатот Јован Драган Јанушески jа одбрани својата магистерска работа под наслов" Учење базирано на проекти - Средношколски проект Определување на концентрација на радон во средни училишта" под менторство на проф. д-р Оливер Зајков, при што се доби со звање: Магистер по физички науки-насока Методика на наставата по физика. Комисијата на одбраната беше во следниот состав: проф. д-р Оливер Зајков, проф. д-р Мимоза Ристова и проф. д-р Благоја Вељаноски.




ОДБРАНЕТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД м-р Александар Ѓурчиноски

28.06.2011

Во Големиот физички амфитеатар Ордан Печјаре, на ден 15.06.2011 година, кандидатот м-р Александар Ѓурчиноски јавно ја одбрани докторската дисертација на тема : “Фидбек контрола со временско задоцнување кај хаотични динамички системи”, изработена под менторство на проф. д-р Виктор Урумов. Членови на комисијата за одбрана беа:
- Академик д-р Дончо Димовски
- Академик д-р Јордан Поп Јорданов
- Aкадемик д-р Љупчо Коцарев
- Проф. д-р Виктор Урумов
- Проф. д-р Никита Шекутковски




ОДБРАНЕТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД м-р Александар Скепаровски

28.06.2011

Во Големиот физички амфитеатар Ордан Печјаре, на ден 13.06.2011 година, кандидатот м-р Александар Скепаровски јавно ја одбрани докторската дисертација на тема : “Електрични и диелектрични својства на ултра тенки филмови од Ta2O5:Ti”, изработена под менторство на проф. д-р. Ненад Новковски. Членови на комисијата за одбрана беа:
- проф. д-р. Ненад Новковски
- проф. д-р. Елена Атанасова
- проф. д-р. Станоја Стоименов
- проф. д-р. Верка Георгиева
- проф. д-р. Атанас Танушевски




ОДБРАНЕТА МАГИСТЕРСКА РАБОТА ОД ФЛАМУР МЕХМЕТИ

15.04.2011

На 13.04.2011 во 12:00 часот на Институтот за физика Фламур Мехмети го одбрани својот магистерски труд под наслов “Општа теорија на релативноста со класични проверки и релативистичка космологија”. Членови на комисијата за одбрана беа проф. д-р Благоја Вељаноски (претседател на комисијата), доц. д-р Гордана Апостоловска и проф. д-р Костадин Тренчевски




Одржано предавање на Проф. Francoise Muеlhauser при Институтот за физика

28.02.2011

Во рамките на посетата на Институтот за физика, Проф. Francoise Muеlhauser, од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ), Виена, на 22 Февруари 2011 во Амфитеатарот “Проф. Ордан Печијаре” на ПМФ, одржа предавање на тема: “The proton radius, new measurement with muonic atoms” Предавањето беше презентација на публикуваниот труд во едно од најпрестижните списанија “NATURE” и истиот е рангиран во топ десет најзначајни научни трудови објавени во 2010 година.




ОДБРАНЕТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД M-Р Зденка Стојановска

20.01.2011

Во Големиот физички амфитеатар Ордан Печијаре, на ден 07.12 2010, кандидатот Зденка Стојановска јавно ја одбрани докторската дисертација на тема: "Терестријалната радиоактивност и радонот во населените места на Република Македонија", изработена под менторство на Проф. Д-р Мимоза Ристова.



ОДБРАНЕТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА ОД M-Р Олгица Кузмановска-Барандовска

14.06.2010

На ден 01.06.2010 година на Катедрата за астрономија на Математичкиот факултет во Белград, Србија, м-р Олгица Кузмановска-Барандовска ја одбрани својата докторска дисертација со наслов: „Метод итерационих фактора у решавању проблема преноса зрачења атомима са више нивоа у звезданим атмосферама“   изработена под менторство на проф. д-р Олга Атанацковиќ. На 09.06.2010 год. на Институтот за физика во Скопје одржа семинар на истата тема.  Резултатите од дисертацијата се објавени во 3 научни труда од областа на астрофизиката.

Page 1 2