ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот, на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки!
Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
ТЕРМИН ЗА ИСПИТ ПО СПОРТ И ЗДРАВЈЕ ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА
СПОРТ И ЗДРАВЈЕ
Проф. д-р Ристо Стаменов
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
iysskopje@yahoo.com
17.04.2024 во 14.30 часот.
ТЕРМИН ЗА ИСПИТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов - Филолошки факултет
s.sazdov@yahoo.com
17.04. 2024 година во 10:30 часот во просторијата ТЕМПУС, во близина на Библиотеката за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на прв кат.
ТЕРМИН ЗА ИСПИТ ПО ПСИХОЛОГИЈА ВО АПРИЛСКА СЕСИЈА
ПСИХОЛОГИЈА
Проф. д-р Калина Сотироска - Филозофски факултет
kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk
на 15.04.2024 во 16:00 часот во просториите на Филозофски факултет, со претходна најава на маил на проф. kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk
АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија 2023-2024 година
Априлската испитна сесија ќе се одвива во периодот од 11.04.2024 г. до 17.04.2024 г.
1. Во априлска (дополнителна) испитна сесија студентите ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2023/2024 г.
2. Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите да бидат објавени најдоцна до 29.03.2024 г. на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија.
3. Резултатите од спроведените испити задолжително да бидат објавени во рок од 7 работни дена.
4. Задолжителното електронско пријавување на испитите во априлската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 21.03.2024 г. до 10.04.2024 г., преку електронскиот “i-know” систем.
Научно предавање на ИФ
На 2.04.2024 година на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје предавање ќе одржи Мимоза Нешеска доктор на физички науки од „НАНОЦЕНТАР - Центар за одличност за нанотехнологија и наноматеријали“, Институт Јожеф Штефан, Љубљана, Словенија и „Факултет за математика и физика“ при Универзитетот во Љубљана, Словенија со наслов:
ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ! Летна Школа по физика за студенти на прв и втор циклус
Во периодот од 30-ти јуни до 7-ми јули 2024 година на Унивезитетот во Љубљана, Љубљана, Словенија ќе се одржи Летна Школа по физика за студенти на прв и втор циклус.
За повеќе информации на следниот линк
http://physicsinljubljana.fmf.uni-lj.si/
ПРИМАТИЈАДА 2024
Оваа година, Приматијадата ќе се одржи во Требиње, Босна и Херцеговина (Grad Sunca), во период од 28.04-02.05.2024
Рокот за испраќање на апстрактот за научните трудови е до 01.04.2024 г., а целосниот научен труд треба да биде испратен до 10.04.2024 г.
Пријавувањето е ОТВОРЕНО и заинтересираните студенти може да се пријават на следната Google форма:
https://docs.google.com/.../1FAIpQLSdBEYrjNyO.../viewform...
Дополнително, на следниот линк може да ги најдете и правилата за натпреварување:
ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ! Работилница за кариерен развој
ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ! Torun Students Summer Program in Exact Sciences (TSSP ExSci 2024)
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |