Втор циклус (мастер студии)

МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО ФИЗИКА

Последипломски студии по Методика на наставата по физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по Методика на наставата по физика)

Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Подрачје: Природно-математички науки; Поле: 103 Физика; Област: 10 323 Друго - Наставна физика

Право на запишување на вториот циклус студии по методика на наставата по физика имаат кандидати со завршен прв циклус студии по:- физика и- двопредметни студии, каде што еден од модулите е физика: математика-физика, физика-хемија, физика-биологија, физика-информатика. Подобноста на кандидатите од други студиски групи на ПМФ и други факултети ќе биде оценувана од Наставно-научниот колегиум на студиите. Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10 студенти со кофинансирање.

Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети: 

Вкупниот број предмети на секоја студиска програма е 5. Согласно Законот за високото образование, тие се распределени на следниов начин:

-        Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,

-        Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)

 Листа на задолжителни предмети

1. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

Кредити

2Ф01-21

Методологија на научно-истражувачката работа во образованието по физика

3

1

2

6

2Ф02-21

Современи модели на поучување

3

1

2

6

2Ф06-21

Одбрани поглавја од методика на наставата по физика

3

1

2

6

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Вкупно задолжителни

 

 

 

18

 

Вкупно изборни

 

 

 

12

 

Вкупно

 

 

 

30

Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.

Листа на изборни предмети

Код                  Наслов на предметот

2Ф03-21           Блумова таксономија

2Ф04-21           Развивање на критичкото мислење

2Ф05-21           Концептуално поучување

2Ф07-21           Учење од врсници

2Ф31-21           Техники на предавање на области од астрономија и астрофизика

Начин на избор на предмети

Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.

Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
18192021222324
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.