Последипломски студии по Теориска физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по физички науки - Теориска физика)
Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Подрачје: Природно-математички науки; Поле: 103 Физика; Област: 10313 Квантна механика, релативитет, гравитација; 10314 Математичка и општа теориска физика; 10319 Статистичка физика и термодинамика; 10320 Теориска физика
Право на запишување на вториот циклус студии по Теориска физика имаат кандидати со завршен прв циклус студии по:- физика- математика- технички науки. Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10 студенти со кофинансирање.
Елаборат за студиската програма по Теориска физика
Решение за акредитација на студиската програма по Теориска физика
Решение за почеток со работа на студиската програма по Теориска физика
Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети:
Вкупниот број предмети на студиската програма е 5. Согласно Законот за високо образование, тие се распределени на следниов начин:
- Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,
- Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)
Листа на задолжителни предмети
1. семестар |
|||||
Код |
Предмет |
П |
А |
Л |
кредити |
2Ф16-21 |
Квантна механика-напреден курс |
3 |
3 |
0 |
6 |
2Ф17-21 |
Статистичка физика-напреден курс |
3 |
3 |
0 |
6 |
2Ф18-21 |
Математички методи во теориската физика |
3 |
3 |
0 |
6 |
|
Изборен предмет |
|
|
|
6 |
|
Изборен предмет |
|
|
|
6 |
|
Вкупно задолжителни |
|
|
|
18 |
|
Вкупно изборни |
|
|
|
12 |
|
Вкупно |
|
|
|
30 |
Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.
Листа на изборни предмети
Код Наслов на предметот
2Ф19-21 Вовед во општата теорија на релативност
2Ф20-21 Квантна теорија на поле
2Ф21-21 Фотоника
2Ф22-21 Нелинеарна динамика и теорија на хаос
2Ф23-21 Квантни компјутери
2Ф24-21 Транспортни процeси во органски проводници
2Ф25-21 Молекуларна квантна механика
Начин на избор на предмети
Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.