Затоа што физиката ги проучува најфундаменталните законитости според кои се одвиваат природните појави, почнувајќи од оние во светот на атомите и нивните составни делови, па завршувајќи со процесите и еволуцијата на универзумот во целост. Затоа што физиката е израз на вечниот стремеж на човекот да ги открие тајните на природата, но истовремено и двигател на технолошкиот развој. Затоа што сѐ е физика!
Кои се главните предности на студирањето на Институтот за физика при ПМФ - Скопје?
Затоа што ги објаснува природните појави со користење на математички модели и открива нови законитости. Студиската програма е посебно погодна за студентите, коишто имаат склоност кон аналитичко размислување и способност да ги применуваат математичките знаења и вештини за објаснување на природните појави и процеси. Студиската програма Теориска физика е вистинскиот избор за сите што имаат амбиција да се занимаваат со фундаментални научни истражувања во иднина. Доколку ве привлекува квантната механика изберете ја оваа студиска програма! Ајнштајн бил теориски физичар.
Кликнете на линкот ТЕОРИСКА ФИЗИКА за повеќе информации.
Затоа што ќе научите за модерните методи и нивната примена во наставата по физика за средно образование. Идните професори по физика ќе можат да креираат експерименти, симулации, е-книги и други нагледни средства за презентирање на физиката како интересна и динамична наука. Пренесувањето на знаењата на младите генерации е најблагородната професија. Наставниците по физика се дефицитарен кадар и веднаш се вработуваат.
Кликнете на линкот НАСТАВНА ФИЗИКА за повеќе информации.
Затоа што ги применува сознанијата на физиката во медицината и здравствената заштита. Медицинскиот физичар ги познава физичките принципи на работа на модерните медицински уреди, обучен е за планирање на медицинска зрачна терапија, контрола на квалитетот на опремата, имплементација на стандардите за заштита на медицинскиот персонал и пациентите од јонизирачки зрачења.
Кликнете на линкот МЕДИЦИНСКА ФИЗИКА за повеќе инфрмации.
Затоа што ги проучува небесните објекти, нивната еволуција и универзумот во целина. Студентите се оспособуваат за обработка на податоци од астрономски набљудувања, како и за примена на физичките закони во услови кои драстично се разликуваат од оние на Земјата.
Кликнете на линкот АСТРОНОМИЈА И АСТРОФИЗИКА за повеќе информации.
Затоа што ќе се здобиете со знаења за создавање на нови материјали и уреди, засновани на познавањето на физичките закони, класичните и квантномеханичките, преку теориски согледувања и модели што тргнуваат од физички законитости. Студентите се оспособуваат за примена на физичките закони во реални ситуации, за научно експериментирање, совладуваат софистицирани мерни техники кои се применуваат во научни, развојни и метролошки лаборатории.
Кликнете на линкот ПРИМЕНЕТА ФИЗИКА за повеќе информации,
Затоа што ја проучува планетата Земја и нејзината атмосфера со помош на различни физички методи. Студентите се оспособуваат за работа во сеизмолошки опсерватории, за истражувања поврзани со откривање на наоѓалишта на руди, нафта, гас, за работа во метеоролошки опсерватории, за прогноза и симулација на времето и климата.
Кликнете на линкот ГЕОФИЗИКА И МЕТЕОРОЛОГИЈА за повеќе информации.