Slide background
Гајслерова цевка
Slide background
Осцилоскоп
Slide background
Дифракција
Slide background
Лабораториски вежби
Slide background
Лабораториски вежби
Slide background
Теоретски предавања
Slide background
Дипломирани студенти
Slide background
Астрономски набљудувања
Slide background
Наставно-научен кадар

МИСИЈА на Институтот за физика

Институтот за физика е дел од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е најголемиот високо-образовен и научен центар во земјата кој се занимава со прашања од областа на физиката.  Организира додипломски и мастер студии нудејќи широк спектар на студиски програми, а во соработка со Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ нуди и можност за стекнување со звањето доктор на физички науки.

 

Наши определби се:

  • да воспоставиме европски стандарди во високото образование по физика и на нашите студенти да им понудиме можност да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат успешна кариера во науката, индустријата, образованието или друга сродна дисциплина.
  • да се развиваме како научно-истражувачки центар во областа на фундаменталните и применетите истражувања кој ќе биде глобално препознатлив. За таа цел имаме воспоставено соработки со познати институции ширум светот и се обидуваме нивниот број постојано да расте.
  • да ја помогнеме домашната и регионалната индустрија преку работа на заеднички проекти, посебно во областа на иновациите.
  • да го искористиме нашето долгогодишно искуство во учебникарството и креирањето наставни програми и планови за основните и средните училишта и да дадеме придонес кон развојот на квалитетно образование во нашата земја.
  • да станеме центар за перманентна (доживотна) едукација на наставници по физика од основните и средните училишта во Република Македонија

 

Сите заинтересирани за соработка со Институтот за физика, без разлика дали станува збор за академска или друг вид јавна институција, потенцијален индустриски партнер или иден студент, се добредојдени на нашиот Институт.

Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
18192021222324
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.