Прв циклус (студиски програми 2012)

Форензичка физика

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Студиската програма по форензичка физика се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити. Стручниот назив по завршување на првиот циклус на студии и одбрана на дипломска работа е дипломиран инженер по физика - форензичка физика

Овие дипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII-1 степен образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за понатамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. втор циклус на студии .......

Стручен назив: Дипломиран инженер по физика - форензичка физика

Стручен назив на англиски: BSc in Physics - Forensics

Подолу се наведени поважните информации за студиската програма. За подетални податоци, преземете го ЕЛАБОРАТ за студиската програма.

 

Начин на финансирање

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите на Институтот за физика.

 

Услови за запишување

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право на запишување на прв циклус студии (прв циклус на универзитетски и на стручни студии) на Институтот за физика имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии на Институтот за физика имаат и кандидати кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура.

На прв циклус студии на Институтот за физика можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети. Сродноста ја утврдува Институтот за физика и ја објавува ПМФ.   

 

Структура на студиската програма по форензичка физика

Структурата на студиската програма по форензичка физика на Институтот за физика е дадена во следнава табела (П - предавања, А - аудиториски вежби, Л - лабораториски вежби):

1. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф01

Механика

4

2

2

7

Ф02

Математичка анализа 1

4

4

0

7

Ф03

Примена на компјутерите во физиката

3

0

3

5

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Изборен предмет

 

 

 

5

2. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф05

Молекуларна физика со термодинамика

4

2

2

7

Ф06

Математичка анализа 2

4

4

0

7

Ф07

Хемија

4

0

3

7

Ф08

Програмски пакети во физика

3

0

3

5

 

Изборен предмет

 

 

 

4

3. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф09

Електромагнетизам

4

2

2

7

Ф10

Математичка физика 1

4

3

0

7

Ф11

Осцилации и бранови

4

2

0

7

 

Изборен предмет

 

 

 

5

 

Изборен предмет 

 

 

 

4

4. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф12

Оптика

4

2

2

7

Ф13

Теориска механика

4

2

0

7

Ф14

Математичка физика 2

3

3

0

6

Ф15

Електроника

3

1

3

6

 

Изборен предмет 

 

 

 

4

5. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф16

Атомска физика

4

2

2

7

Ф17

Мерења во физиката

3

0

3

6

Ф18

Теориска електродинами­ка со специ­јал­на теорија на релативноста

4

3

0

7

 

Изборен предмет

 

 

 

5

 

Изборен предмет 

 

 

 

5

6. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф19

Нуклеарна физика

4

2

2

7

Ф20

Квантна механика

4

2

0

7

Ф21

Статистичка физика

4

2

0

7

 

Изборен предмет

 

 

 

5

 

Изборен предмет

 

 

 

4

7. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

Ф23

Физика на тврдо тело

4

2

2

7

Ф24

Компјутерска физика

3

0

3

6

 

Изборен предмет

 

 

 

7

 

Изборен предмет

 

 

 

5

 

Изборен предмет

 

 

 

5

8. семестар

 

Предмет

П

А

Л

кредити

 

Изборен предмет

 

 

 

7

 

Изборен предмет

 

 

 

5

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Дипломска работа

 

 

 

12

Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
18192021222324
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.