Документи за реализација на практична настава на студентите
1) Студентите може да реализираат практична настава за академската 2023/2024 г., во период од 30 дена, до крајот на зимскиот семестар 2024/2025 г., во компании, фирми, државни установи од различен тип или во некоја од лабораториите на соодветниот институт.
2) Доколку студентот одлучи да ја реализира летната пракса во некоја установа која не се наоѓа на Списокот на компании и установи со кои Природно-математичкиот факултет има склучено договор, потребно е да се склучи нов договор за соработка.
3) Студентот пред да започне со летната пракса потребно е да достави Потврда (Упатница) за отпочнување со студентска пракса пополнета во три примероци, во точно назначена просторија на институтот (лабораторија / библиотека / канцеларија).
4) По завршување на праксата студентот треба да достави еден примерок Потврда за реализирана практична настава, пополнета, потпишана и заверена од фирмата каде се одвивала праксата, во точно назначена просторија на институтот (лабораторија / библиотека / канцеларија). Студентот не ја носи Потврдата во Одделението за студентски прашања.
5) Потврдите ги собира одговорно лице (раководител, библиотекар, виш лаборант..), прави копии за во архивата на институтот и ги носи оригиналите во Одделението за студентски прашања. Оригиналната Потврда се става во студентското досие.