Физика на нови материјали

Ф25

Прилог бр. 3

Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии

1.

Наслов на нaставниот предмет

ФИЗИКА НА НОВИ МАТЕРИЈАЛИ

2.

Код

Ф25

3.

Студиска програма

Применета физика – материјали и уреди; Медицинска физика;Физика на сончева енергија; Физика на компјутерски хардвер; Геофизика; Метеорологија; Астрономија и астрофизика

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за физика,

Природно-математички факултет, УКИМ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв

6.

Академска година/семестар

четврта / VIII

7.

Број на ЕКТС кредити

6 (шест)

8.

Наставник

доц. д-р Александар Скепаровски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Положени следниве курсеви по општа физика: Механика, Молекуларна физика и Електромагнетизам.

Ислушан курс по Физика на тврдо тело.

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

 

Продлабочување на знаењата за врската помеѓу структурата и макроскопските својства на материјалите. Запознавање со најзначајните групи на материјали кои се предмет на тековни истражувања, како и со методите за нивна карактеризација. Развивање на чувство кај студентите за врската помеѓу научните сознанија и  инженерските аспекти од примената на материјалите.

 

11.

Содржина на предметната програма:

 

  1. Материјал-Структура-Енергетска состојба. Премин од нерамнотежна кон рамнотежна состојба.
  2. Нефлуидни агрегатни состојби – кристални, поликристални и аморфни структури. Брзина на раст на кристални зрна. Рекристализација.
  3. Порозни медиуми. Зарастување на изолирани пори – прагов и непрагов механизам
  4. Нови технологии – добивање на материјали во прав, компактирање, нано технологии.
  5. Синтерувани материјали – основи на физиката на синтерување, модели, кинетички релации
  6. Метални материјали – течни метали, суперматеријали, суперлегури, необични легури
  7. Керамички материјали
  8. Полимерни материјали. Кристални и аморфни полимери. Електрично спроводни полимери
  9. Композитни материјали. Дисперзни и влакнести композити. Јаглеродни композити. Ламинантно-композитни материјали.
  10. Материјали со уникатни својства – квазикристали, течни кристали, метални стакла, течни магнети и др.
  11. Високотемпературни суперспроводници
  12. Недеструктивни методи за испитување на материјалите
  13. Основи на електронската микроскопија – трансмисиона (ТЕМ) и скенирачка (SEM) електронска микроскопија

 

12.

Методи на учење:  настава (предавања), лабораториски вежби, семинари, проектни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

180 часови

14.

Распределба на расположивото време

75 часа наставни и 105 часа други активности

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

45 часови

15.2

Вежби (лабораториски,

аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

20 часови

16.2

Самостојни задачи

  0 часови

16.3

Домашно учење

85 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

             80 бодови (усмен испит)                                                     

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна)

 

             15 бодови 

17.3.

Активност и учество

               5 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 49 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 50 до 59 бода

      6 (шест)     (E)

       од 60 до 69 бода

      7 (седум)   (D)

       од 70 до 79 бода

      8 (осум)     (C)

       од 80 до 89 бода

      9 (девет)    (B)

       од 90 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Со право на потпис и можност за полагање на завршниот испит се стекнуваат студентите кои редовно ги следеле предавањата и лабораториските вежби и поднеле елаборати за изработените вежби.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкета

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Станоја Стоименов

Физика на нови материјали

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , ПМФ - Скопје

2004

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Milton Ohring

Engineering Materials Science

Academic Press

1995

2.

Francisco E. Fujita (Ed.)

Physics of New Materials

Springer

1998

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

Следни испити

Април/Мај
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
293012345
6789101112
13141516171819
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.