Оптика

ФЈЈ09

1.

Наслов на наставниот предмет 

 ОПТИКА

2.

Код

 ФЈЈ09

 

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на Институтот за       физика 

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

 Институт за физика,

 Природно-математички факултет, УКИМ

5.

Степен

 Прв циклус академски студии

6.

Академска година/семестар

 II / 4

7.

 Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

 д-р Јулијана Велевска, редовен професор

9.

Предуслови за запишување на

предметот

 Нема

 

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Студентите ќе бидат оспособени:

Да конструираат зрачни дијаграми за определување на положбата и големината на ликови во оптичките инструменти, да ги разбираат и користат математичките формули за за определување на положбата и големината на ликови добиени со леќи и огледала, да мерат фокусни растојанија на леќи и огледала, да го разбираат потеклото на аберациите кај леќите, да ја разберат примената на концептот бран во оптиката, да анализараат едноставни примери на интерференција и дифракција, да се запознаат со определена опрема што се користи во модерната оптика, особено интерферометарот на Мајкелсон и Фабри-Перо еталонот, да ги разберат физичките процеси кај ласерското зрачење.

 

11.

 Содржина на предметната програма:

  • Геометриска оптика. Леќи. Оптички инструменти: лупа, микроскоп, окулар, телескоп. Окото како оптички инструмент.
  • Интерференција на светлината, интерферометри и нивна примена.
  • Дифракција на светлината. Френелова дифракција. Фраунхоферова дифракција и дифракциони мрежички. Абеова теорија на дифракција. Стриоскопија. Фазен контраст.
  • Поларизација и нејзини видови. Вртење на рамнината на поларизација. Кристалооптика. Вештачка анизотропија. Електрооптички ефекти.
  • Фотометрија. Молекуларна оптика. Расејување на светлината. Апсорпција.
  • Ласери.

 

12.

Метод на учење: активно следење на предавањата и вежбите, активно следење на мате­ријалот со домашно учење и самостојно решавање задачи.

13.

Вкупен расположлив фонд на време

240 часа

14.

Распределба на расположливото

време

седмично:

4+2+2

15.

Форми на наставните

активности

15.1

Предавања-теоретска настава

60 часа

15.2

Вежби (лабораториски, аудиториски)

60 часа

 

16.

 

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

15 часа

16.2

Самостојни задачи

15 часа

16.3

Домашно учење

90 часа

 

 

17.

Начини на оценување

17.1

Тестови

50 бода

17.2

Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна)

/

17.3

Активност и учество

  5 бода

17.4

Завршен испит

45 бода

18.

Критериуми за оценување

(бодови/оценка)

           до   50 бода

  5 (пет)              (F)

oд 51 до   60 бода

  6 (шест)           (E)

од 61  до   70 бода

  7 (седум)         (D)

од 71  до   80 бода

  8 (осум)           (C)

од 81  до   90 бода

  9 (девет)          (B)

од 91  до 100 бода

10 (десет)          (A)

 

19.

 

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Услов за потпис:  присуство на часовите за предавања и вежби.

Услов за завршен испит: 50% од поените освоени на тестовите.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски (или англиски по потреба)

 

21.

Метод на следење на квалитетот

на наставата

 

Домашни задачи, анкетни прашалници

 

 

 

22.

Литература

 

 

22.1

Задолжителна литература

Ред. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Р. Хехт

Оптика (преведена)

Просветно дело

2010

2.

R. Guentner

Modern Optics

Elsevier

2005

 

22.2

Дополнителна литература

Ред. бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Д. Гершановски

Оптика

 

2006

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 22 јануари 2024 во 10:00 Устен испит. Студентите кои планираат да полагаат да се најават на e-mail најдоцна 2 дена пред испитот
  • 08 февруари 2024 во 10:00 Устен испит. Студентите кои планираат да полагаат да се најават на e-mail најдоцна 2 дена пред испитот

    Материјали

Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.