Соопштенија

21 јануари 2023

Термини за полагање на испитот по Англиски јазик

Проф. Солзица Поповска

solzica_popovska@yahoo.com 

Студии по математика, физика, математика-физика

 I декада - 25.01.2023 г. во 12.00.ч , амфитеатар1, Филолошки факултет

II декада - 1.02.2023 во 12.00.ч , амфитеатар1, Филолошки факултет


09 јануари 2023

 Термини за полагање на испитот по Психологија

ПСИХОЛОГИЈА 

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

17.01.2023 во 13:00 часот,

(местото на одржување на испитот, ќе биде во договор со проф.)

II декада

31.01.2023 во 13:00 часот

(местото на одржување на испитот, ќе биде во договор со проф.)


30 декември 2022

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ПО МАТЕМАТИЧКА АНАЛИЗА 1 И МАТЕМАТИЧКА АНАЛИЗА 2 ВО ЈАНУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023

Термини за полагање на испитот по Математичка анализа 1 во јануарската испитна сесија за студентите на студиските програми на Институтот за физика:

  • I декада: 23.1.2023 (понеделеник) со почеток во 10:00 часот во М-121 (математички амфитеатар
  • II декада: 6.2.2023 (понеделник)  со почеток во 10:00 часот во М-121 (математички амфитеатар)

Забелешка: Студентите да го пријават своето присуство за полагање на писмениот дел од испитот на e-mail адресата stevogjorgiev@gmail.com, најдоцна два дена пред одржување на испитот. По положување на писмениот дел од испитот, студентите можат да го полагаат усниот дел од испитот во термин по договор со предметниот професор, со најава на e-mail адресата sbrsakoska@gmail.com.

 

Термини за полагање на испитот по Математичка анализа 2 во јануарската испитна сесија за студентите на студиските програми на Институтот за физика:

  • I декада: 23.1.2023 (понеделеник) со почеток во 10:00 часот во М-121 (математички амфитеатар
  • II декада: 6.2.2023 (понеделник)  со почеток во 10:00 часот во М-121 (математички амфитеатар)

Забелешка: Писмениот и усниот дел од испитот по предметот Математичка анализа 2, ќе се полагаат заедно, во наведените термини за испит. Студентите да го пријават своето присуство за полагање на испитот на e-mail адресата stevogjorgiev@gmail.com, најдоцна два дена пред одржување на испитот.


13 декември 2022

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИФ

Ве информираме дека промоцијата на дипломираните студенти на Институтот за физика ќе се одржи на 16.12.2022 година со почеток во 12 часот во Малиот физички амфитеатар на Институтот за физика. Централната свеченост на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи во Големиот физички амфитеатар со почеток во 14 часот.


29 ноември 2022

 

 Отворен ден на УКИМ-2.12.2022

Драги матуранти, наши идни студенти,

ОТВОРЕНИОТ ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, ќе се одвива на 2 декември 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.

Сите заинтересирани идни студенти кои сакаат да студираат физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје ги известуваме дека отворениот ден ќе биде на 2 декември со почеток во 12 часот на Институтот за физика (горна зграда). Ќе Ве пречекаме во холот од зградата и ќе Ве запознаеме со студиските програми, начинот на студирање и со дел од училните и лабораториите на нашиот институт.

симни документ


02 ноември 2022

Организација на Ноемвриска (дополнителна) испитна сесија

Според Календарот на наставни активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година за прв циклус студии на ПМФ, ни претстои организација на ноемвриска (дополнителна) испитна сесија која ќе се одвива во периодот од 21.11.2022 г. до 25.11.2022 г.  

1. Во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија студентите ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2021/2022 г. 

2. Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите да бидат објавени најдоцна до 13.11.2022 г. на веб страните на институтите на ПМФ во категоријата Испити.  

3. Резултатите од спроведените испити задолжително да бидат објавени во рок од 7 работни дена согласно Член 49 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.    

4. Задолжителното електронско пријавување на испитите во ноемвриската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 01.11.2022 г. до 20.11.2022 г., преку електронскиот “i-know” систем.  

симни документ


14 октомври 2022

Инзвонреден успех на средношколците од Македонија на 4-та Балканска олимпијада по физика (BPO4)

Во деновите од 7 до 9 октомври 2022 година се одржа 4. Балканска олимпијада по физика (BPO4), во хибриден формат. Домаќин на Олимпијадата беше Друштвото на физичарите на Кипар, а локален организатор Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), и Институтот за физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје. На Олимпијадата учествуваа 51 ученик од 15 земји.

Четворицата средношколци од Македонија учесници на оваа олимпијада, освоија дури 5 одличја:

1. Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, златен медал,

2. Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ „ Јахја Кемал“ - Скопје, сребрен медал,

3. Емилија Николовска, ученичка во трета година во „Математичко - информатичка гимназија “ – Скопје, бронзен медал и специјална награда за најдобар постигнат резултат на олимпијадата во конкуренција на натпреварувачки.

4. Матеа Митревска ученичка во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, награда за успешно учество (пофалница).

Ваквиот успех на средношколците од Македонија е најголем успех на една олимпијада имајќи го во предвид фактот што за прв пат од учеството на ученици од независна Македонија на меѓународните олимпијади, ученик од Македонија освојува златен медал.


29 септември 2022

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ИФ

Ве известуваме дека првиот академски час на Институтот за физика ќе се одржи на 3. 10. 2022 година во Малиот физички амфитеатар со почеток во 12:45 часот.

Ве очекуваме!


21 септември 2022

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКА!!!

Покана за учество на СКЕЕОР

Почитувани,

       Ние сме студентско здружение за промоција на енергетска ефикасност и одржлив развој, во рамките на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Секоја година организираме Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој, на која учествуваат студенти од повеќе земји со поднесување и презентирање на труд, кој потоа се објавува во Зборник. Основната идеја на конференцијата е размена на идеи и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од енергетските компании со што би се направил чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој.

       Ни претставува особено задоволство да ги поканиме студентите oд Природно Математички Факултет на јубилејното, десетто издание на Студентската конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ - СКЕЕОР - која ќе се одржи од 26 до 29 октомври 2022 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Поради сродноста на нашите образовни позадини, но и во името на зајакнувањето на научната продуктивност и соработка во македонската студентска заедница, ги охрабруваме сите заинтересирани студенти да ги пријават своите трудови на Повикот за трудови. Рокот за поднесување апстракт е 25 септември, а рокот за поднесување на завршниот труд е 5 октомври.

Сите информации за Конференцијата редовно се споделуваат на профилите на СКЕЕОР на FacebookInstagram и LinkedIn. За какви било прашања може да ни се обратите на skeeor.sceesd@gmail.com.

Со почит,
Организациски одбор -СКЕЕОР

09 септември 2022

СТУДИРАЈТЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКА ПРИ ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ!

Можете да изберете било која од атрактивните шест насоки. Секоја нуди нови современи и квалитетни студиски програми, квалитетно обрзование и можности за брзо вработување веднаш по завршувањето на студиите.

Повелете на Институтот за физика за подетални информации! 

симни документ


| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |

Следни испити

Јули/Август
П В С Ч П С Н
20212223242526
272829303112
3456789
10111213141516
17181920212223
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2026. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.