Термин за испитот по Математичка анализа 2 , Јануарска сесија
Полагањето на предметот Математичка анализа2 (од 2 семестар) во Јануарската сесија 2021/2022 ќе се одвива со физичко присуство на студентите. Термините за полагање се следниве:
1декада - 20.01 во 10:00 часот во математички амф
2декада - 02.02 во 10:00 часот во математички амф
(на ист термин се полага писмен и усен дел).
Освен што испитите треба да се уредно пријавени во iknow системот, студентите треба да го пријават приуството на испит по e-mail (abdullabuklla@hotmail.com), најдоцна два дена пред испитот. Ова е многу важно за да се знае, согласно протоколот, колку студенти ќе полагаат во конкретниот термин. Доколку тоа не го направат, нема да може во тој термин да полагаат. Испитите ќе траат најмногу 120 минути.
Календар на наставни активности за зимски и летен семестар во учебната 2021/2022 година за прв циклус студии на ПМФ
|
1 |
Почеток на студиска 2021/2022 година |
01.10.2021 |
|
Зимски семестар 2021/2022 |
|
|
|
2 |
Времетраење на зимскиот семестар |
04.10.2021 ‒ 14.01.2022 |
|
3 |
Давање потписи за зимскиот семестар (електронски) |
03.01.2022 – 14.01.2022 |
|
4 |
Пријавување за Јануарска (прва) испитна сесија (on-line) |
27.12.2021 – 14.01.2022 |
|
5 |
Јануарска (прва) испитна сесија (две декади) |
17.01.2022 – 11.02.2022 |
|
6 |
Заверка на зимски семестар 2021/2022 и Упис на летен семестар 2021/2022 |
07.02.2022 – 18.02.2022 |
|
Летен семестер 2021/2022 |
|
|
|
7 |
Времетраење на летниот семестар |
14.02.2022 – 27.05.2022 |
|
8 |
Давање потписи за летниот семестар (електронски) |
16.05.2022 – 27.05.2022 |
|
9 |
Пријавување за Jунска (втора) испитна сесија (on-line) |
16.05.2021 – 27.05.2022 |
|
10 |
Jунска (втора) испитна сесија (две декади) |
30.05.2022 – 01.07.2022 |
|
11 |
Пријавување на Августовско – септемвриска (трета) испитна сесија (on-line) |
04.07.2022 – 19.08.2022 |
|
12 |
Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија (две декади) |
22.08.2022 – 16.09.2022 |
|
13 |
Заверка на летен семестар 2021/2022 и Упис на зимски семестар 2022/2023 |
19.09.2022 – 30.09.2022 |
Ноемвриска сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот треба да се објават најдоцна до 15.11.2021 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија.
Априлска сесија ќе се одвива во периодот од 04.04.2022 година до 15.04.2022 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот во треба да се објават најдоцна до 28.03.2022 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија.
Факултетот го задржува правото да изврши измени на роковите утврдени со овој календар доколку тоа го налага специфичноста на здравствената ситуација или поради други оправдани причини.
Од Деканатот
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
17 јануари 2022 – 11 февруари 2022 (две декади)
19.01.2022 г. е неработен ден, Богојавленије-Водици (православна вероисповед),
27.01.2022 г. е неработен ден, Свети Сава (српската заедница)
СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2020/2021 ГОДИНА.
СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА УРЕДНО ДА ИМ Е ЗАПИШАН ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2021/2022 ГОДИНА.
ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, ВО I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
27.12.2021 ДО 14.01.2022 ГОДИНА
ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИФ
Се известуваат сите дипломирани студенти на Институтот за физика дека доделувањето на дипломите ќе се одвива со физичко присуство на 16 декември 2021 година во 12:45 часот во малиот физички амфитеатар.
Ве очекуваме!
Отворен ден на УКИМ - ПМФ
Почитувани,
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите, дека ноемвриската испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.
Право за полагање имаат студентите кои: уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат најмногу 2 (два) испита од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.
Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната испитна сесија ќе се одвива од 05.11.2021 до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.
Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.
Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски, пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од предметниот наставник.
МОЖНОСТ ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА НУКЛЕАРНА ФИЗИКА ПРИ ПОЛСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ, КРАКОВ, ПОЛСКА
Ве известуваме дека на Институтот за нуклеарна физика при Полската академија на науките во Краков, Полска, има отворен повик за студенти докторанди. Сите заинтересирани кандидати може да добијат повеќе информации на следниот линк:
https://inspirehep.net/jobs/1937612
Рокот за пријавување е до 15 октомври 2021 година.
ВАЖНО! СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ
МОЖНОСТ ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ТЕХНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА
Ве известуваме дека Техничкиот Универзитет во Виена во рамките на проектот "ENROL" (Marie Skłodowska-Curie COFUND doctoral programme) отвора повеќе места за студенти докторанди. Една од целите на проектот е да привлече студенти од земји, коишто не се членки на Европската унија. Сите заинтересирани кандидати може да добијат повеќе информации за проектот ENROL на следниот линк:
https://www.tuwien.at/en/enrol
Повикот се отвора на 1 ноември 2021 година, а аплицирањето ќе се врши преку порталот на ТУ Виена на линкот:
ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ГЕОФИЗИКА И МЕТЕОРОЛОГИЈА
Погледнете ја презентацијата за областа метеорологија на овој линк.