Метрологија

ФДЈ04

1.

Наслов на нaставниот предмет

МЕТРОЛОГИЈА

2.

Код

ФДЈ04

3.

Студиска програма

Применета физика и Наставна физика

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за физика,

Природно-математички факултет, УКИМ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус академски студии

6.

Академска година/семестар

III / 5

8.

Број на ЕКТС кредити

7

8.

Наставник

проф. д-р Ненад Новковски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Молекуларна физика со термодинамика, Електромагнетизам, Оптика

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување на знаења од метрологијата, оспособување за правилна обработка на екперименталните податоци и стекнување навики за правилно запишување на физичките величини, единици и математичките изрази што ги содржат; стекнување на знаења за прецизните мерења во лабораторија и индустрија, за топлинските и електричните величини; усвојување на вештини за прецизни мерења и калибрации.
Оспособеност за работа (прецизни мерења и обработка на податоци) во современи индустриски претпријатија според најновите барања на пазарот на трудот, во државни институции од подрачјето на метрологијата и во научни лаборатории.

11.

Содржина на предметната програма:

  • Меѓународен систем на мерни единици (SI): основни единици во SI, дефиниции на основните единици, единици изведени тргнувајќи од основните единици, изведени SI единици со посебни имиња и симболи, изведени SI единици чиишто имиња и симболи содржат изведени SI единици со посебни имиња и симболи, префикси SI, единица надвор од SI, правила и конвенции за ознаките на единиците, правила и конвенции за префиксите SI, правила и конвенции за изразување на вредностите на величините.
  • Обработка на експерименталните податоци: проценка на неопределеноста на мерењето, интерполација, фитување.
  • Еталон за маса: меѓународен прототип на килограмот, ватна вага.
  • Стандард за време: атомски часовник.
  • Стандарди за напон: Вестонова стандардна ќелија, низа од премини на Џозефсон (примарен стандард), Зенерова диода (секундарен стандард)
  • Потенциометри за права струја
  • Стандарди за отпор: еталон со квантен Халов ефект (примарен стандард), стандардни отпорници (секундаредн стандард)
  • Мерење на отпор: метод на волтметар и амперметар, аналогни омметри, омметри со вкрстени намотки, мерење на големи отпори, потенциометаркса метода (споредба), Томсонов мост.
  • Еталон за јачина на струјата: струјна вага
  • Мерење на јачината на струјата: посредно определување на јачината на струјата, мерење на големи јачини на струјата
  • Температурни скали: вообичаени температурни скали, инструменти за мерење на температурата, температурни скали (термометриски супстанци и термометриски својства), апсолутни температурни скали, меѓународни температурни скали
  • Експанзиски термометри: термометри со течност во стакло, промена на калибрацијата на термометрите, термометарско задоцнување, гасни термометри, биметални термометри
  • Термоелектрично мерење на температурата: термоелектромоторен напон, термодинамички релации, зависност на термоелектромоторниот напон од температурата, термоелементи, корекција за референтната спојка, типови на термопарови, конструкција на сонди со термопарови, калибрација на термопарвоите со фиксни точки, калибрација на термопарвоите со споредба, методи на интерполација.
  • Оптичка и радијацска пирометрија: приближно црни тела, стандарди за црно тело, тоталнорадијациски пирометри, калибрација на тоталнорадијациски пирометри, проширување на температурната скала, температури на тела што не се апсолутно црни, спектралнорадијациски пирометри, калибрација на лнорадијациските пирометри,
  • Отпорна термометрија: конструкција на отпорните термометри, калибрација на платински отпорен термометар, други видови отпорни термометри.
  • Калориметрија: мерење на количеството топлина и топлинскиот капацитет, воден калориметар, калориметарска бомба, анероиден калориметар, адијабатски калориметар, електричен каклориметар, радијациски калориметар, определување на топлинските својства со метод на релаксација.

12.

Методи на учење: предавања со дискусија, лабораториски и нумерички вежби, самостојни задачи и домашно учење

13.

Вкупен расположив фонд на време

210 часа

14.

Распределба на расположивото време

 

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

60 часа

15.2

Вежби (лабораториски,

аудиториски), семинари, тимска работа

45 часа

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

нема

16.2

Самостојни задачи

25 часа

16.3

Домашно учење

80 часа

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (устно)

60 бода

Тестови (писмено)

нема

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна)

20 бода

17.3.

Активност и учество

20 бода

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 50 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

       од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

редовност на предавањата и вежбите,
изработена проектна задача

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

анкета

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Ненад Новковски

Мерења во физиката

УКИМ ПМФ-Скопје

2007

2.

Џон А. Рајс

Математичка статистика и анализа на податоци

Ars Lamina

2014

3.

Ненад Новковски

дополнителни материјали

 

 

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

 

The International System of Units (SI)

Bureau International des Poids et Mesures, 7th edition

1998

2.

L. Michalski,
K. Eckersdorf,

J. Kucharski,

and J. McGhee

Temperature measurement

John Wiley & Sons Ltd.

2001


    Следни испити од овој предмет:

  • 18 јануари 2021 во 12:00
  • 02 февруари 2021 во 12:00
  • 09 април 2021 во 12:00
  • 08 јуни 2021 во 12:00
  • 22 јуни 2021 во 12:00
  • 31 август 2021 во 12:00
  • 14 септември 2021 во 12:00
  • 30 ноември 2021 во 12:15
  • 25 јануари 2022 во 12:15
  • 05 април 2022 во 12:15
  • 21 јуни 2022 во 12:15
  • 07 јуни 2022 во 12:15

    Материјали

© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.