I. Лични податоци
Име: Атанас Танушевски
Звање: Редовен професор
Степен: Доктор на науки (Ph.D.)
Адреса: Природно-математички факултет, Архимедова 3, П.Фах 162, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел: +389 2 324 9863
Факс: +389 2 322 8141
Е-пошта: atanas@pmf.ukim.mk, atanastanush@gmail.com
II. Биографски податоци
Д-р Атанас Танушевски е роден на 15.1.1961 година во Струмица, каде што завршил основно и средно образование. На Факултетот за физика се запишал во учебната 1979/80 година, на наставната насока. Студиите ги завршил во септември 1985 година. Во 1988 година се запишал на постдипломски студии на Институтот за физика на ПМФ во Скопје, на насоката сончева енергија. Во октомври 1990 година е примен за стручен соработник на Институтот за физика на ПМФ. Постдипломските студии ги завршил со просечен успех 9,16, а магистерската работа „Фотоволтаични ќелии од CdO-PbS препарирани со хемиско таложење и нивна примена“ ја одбранил на 15 декември 1994 година. Докторската дисертација под наслов „Оптички и електрични особини на тенки полуспроводнички филмови од SnS добиени со методот на хемиско таложење“ ја одбранил на 21.3.2003 година.
III. Наставно и стручна активност
За асистент на Институтот за физика е избран во 1995 година, а преизбран е во 1998 и 2001. Во јануари 2004 година е избран за доцент на Институтот за физика при Природно-математички факултет. Во декември 2008 година избран е за вонреден професор а за редовен професор е избран во 2014 година.
По изборот за доцент е вклучен во изведувањето на наставата за предмети на Природно-математичкиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Медицинскиот факултет. На Стоматолошкиот факултет учествува во изведувањето на настава со предметот биофизика, а на Медицинскиот факултет учествува во изведувањето на настава со предметот општа физика за рендген-техничари.
Додека пак, на Природно-математичкиот факултет учествува во изведувањето на настава по предметите:
Во 2014 година ја објавува книгата Биофизика, во издаваштво Алма-Скопје, (ISBN: 978-608-245-020-9, COBISS-ID: 969443942024), а во 2024 година ја објавува книгата Дизајн на електронски уреди, во издаваштво на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ISBN: 978-9989-43-509-6, CIP: 621.38-11(075.8, https://ukim.edu.mk/e-book/00043).
IV. Професионално искуство
Атанас Танушевски има долгогодишно искуство во областа на синтеза и карактеризација на тенки полупроводнички филмови кои се користат во соларни ќелии, рамни дисплеи и дигитални инструменти. Повеќе од 25 години е посветен на подготовка на тенки филмови погодни како транспарентни проводни електроди, како што се SnO₂, In₂O₃ и ZnO.
Исто така, работи на полупроводнички филмови погодни за соларни ќелии, како SnS, CdSe, CdS, CdTe, ZnSe и Bi₂Se₃.
За депозиција на овие филмови се користени различни техники, како што се:
Повеќето од овие методи се евтини и ефикасни, а дел од добиените филмови имаат нанокристална структура.
Во последно време, фокусот е ставен на тенки филмови од полупроводникот Cu₂ZnSnS₄.
V. Научна дејност
Учествувал во научно-истражувачките проекти:
1. Можности за добивање меѓуповршини оксид/полуспроводник со минимум недостатоци, раководител проф. д-р Ненад Новковски, 1996-1999.
2. Испитување на електро-оптичките особини на полуспроводнички тенки филмови и нивна примена, раководител проф. д-р Марија Фукарова-Јуруковска, , 1996-1999,
3. Синтеза и електро-оптички својства на тенки полуспроводнички филмови и нивна примена, раководител проф. д-р Марија Фукарова –Јуруковска, 2000-2003,
4. Електрични, фотоелектрични и оптички својства на нанокристални полуспроводнички филмови, раководител доцент д-р Атанас Танушевски, 2006-2009,
5. LPAMS-FW6 (Low cost Polycrystalline Amorphous Solar cells), Академик Милчо Ристов, 2004 -2007 (мегународен проект).
6. Развој на лабораторијата за тенки_филмови, раководител редовен професор д-р Атанас Танушевски, 2021-2023
Публикациите можат се видат на следните интернет страници:
https://scholar.google.com/citations?hl=en&user=hKj2MuEAAAAJ&view_op=list_works&sortby=pubdate
https://www.scopus.com/authid/detail.uri?authorId=56636087900
https://orcid.org/0000-0002-6180-6329
https://www.researchgate.net/profile/Atanas-Tanusevski