Квантна теорија на многучестични системи

ФТИ07

1.

Наслов на нaставниот предмет 

Квантна теорија на многучестични системи

2.

Код

ФТИ07

3.

Студиска програма

Теориска физика

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за физика

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус академски студии

6.

Академска година/семестар

IV/8

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

доц. д-р Ирина Петреска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Положени Математичка физика 1 и 2. Слушани Квантна механика 1 и 2, Статистичка физика.

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување основни познавања од квантната теорија на електронските корелации, спинските решетки и примената за изучување на магнетизмот, формулирана во секундарна квантизација.

 

11.

Содржина на предметната програма:

1. Вовед. Секундарна квантизација. Оператор на кинетичката енергија, спинот, густината на честички и густината на струјата во секундарна квантизација. Кулонов оператор во секундарна квантизација. Метод на Хартри-Фок во секундарна квантизација.

2. Електронски корелации.  Општ облик на многучестичен електронско-јонски Хамилтонијан. Модел на слободно електронски гас. Електронски заемодејства во рамките на теоријата на пертурбации. Електронски гас во една, две и три димензии.

3. Нестационарни проблеми. Временска еволуција на состојбите. Шредингеров пристап. Хајзенбергов пристап. Интеракции. Унитарен оператор на временска еволуција. Линеарен одѕив. Временски зависни оператори на генерација и анихилација. Гринови функции.

4. Секундарна квантизација и статистичка механика. Модели на спински решетки.  Изингов модел. Модел на Хајзенберг. Хабардов модел. Незаемодејствувачки лимит.

5. Магнетизам. Вовед во квантна теорија на магнетизмот. Феромагнетизам. Хајзенбергов модел на јонски феромагнети. Стонер-Хабардов модел на метални феромагнети.

12.

Методи на учење: Предавања; Аудиториски вежби; Пребарување на литература и други ресурси за учење; Подготовка на испитот; Подготовка на семинари;

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

контактни часови – 60 (седмично 2 часа предавања, 2 часа аудиториски вежби)

неконтактни часови - 60

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

30

15.2

Вежби (лабораториски,

аудиториски), семинари, тимска работа

30

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

20

16.2

Самостојни задачи

10

16.3

Домашно учење

30

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

                                                  бодови     70                                              

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна)

 

                                                  бодови     20

17.3.

Активност и учество

                                                  бодови     10

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 50 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

       од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Минимум освоени 20 бода

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски јазик

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анкети

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

H. Bruus, K. Flensberg

Many-body quantum theory in

condensed matter physics: an introduction

Oxford University Press 

2004

 

2.

Ч. Кител

Вовед во физиката на тврдото тело

Академски печат, Скопје (превод)

2011

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

P. Fulde

Electron correlations in molecules and solids

Springer-Verlag

1991

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

Следни испити

Април/Мај
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
293012345
6789101112
13141516171819
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.