Соопштенија

01 јануари 2021

Известување за начинот и терминот на спроведување на Студентски избори 2020

Почитувани студенти,

Вe известуваме дека со оглед на состојбата со CoVid-19 и потребата за примена на мерки за справување со коронавирусот, собирите на студенти по Институти ќе се спроведат on-line, така што, тајното гласање за пријавените кандидати од соодветната студиска година со кое ќе се утврдат кандидатите за членови на Факултетското студентско собрание ќе се спроведе на 04.01.2021 година.

Сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 04.01.2021 година.

На изборите кои ќе се спроведат на ниво на Институти, секој студент има право на глас само за кандидатите за членови од неговата студиска програма и годината на студии во која студентот е запишан.

Гласањето за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ниво на ПМФ ќе се спроведе на 11.01.2021 година, така што, сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 11.01.2021 година.

На изборите на ниво на ПМФ, сите студенти имаат право на глас за претседател на ФСС и право на глас за сите кандидати за членови на ФСС.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите. 

 

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје


26 декември 2020

Избори за претседател и членови на Факултетското собрание на ПМФ

Почитувани студенти,

Вe потсетуваме дека пријавувањето на кандидати за членови на факултетското студентско собрание е во тек.

Сите заинтересирани студенти, од сите три циклуси на студии, кои го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, својата кандидатура може да ја испратат на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk најдоцна со 30.12.2020 година.

Во пријавата, освен име и презиме, задолжително треба да се наведе бројот на индекс и студиската програма на која е запишан студентот.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје


01 октомври 2020

Настава по МФ 1

Се известуваат студентите од втора година дека настават по предметот Математичка физика 1 ке започне на 2 Октомври во 10:30 часот во Голем физички амфитеатар.

Проф. д-р Даница Крстовска


04 јуни 2020

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

Драги студенти,

Бидејќи реализацијата на испитите со физичко присуство ќе се одвива согласно мерките за заштита од COVID 19, кои меѓу другото предвидуваат ограничување на бројот на студенти кои во даден момент може да присуствуваат во одредена просторија, задолжително е секој студент да го најави своето присуство на испит најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот, преку електронска порака испратена до предметниот наставник. 


02 јуни 2020

Информација за студентите од д-р Наце Стојанов

Почитувани студенти,
Заради обезбедување на „работни места пред компјутер“ при физичко присуство на испит, и формирање на групи по потреба, се препорачува да го пријавите вашето присуство во два од трите рока за испити на email адреса: nacestoj@gmail.com
Благодарам за разбирањето !
д-р Наце Стојанов


20 мај 2020

Повик за учество на студентите по физика на „Меѓународната студентска конференција на младите уметници и научници СКУН“

Во периодот 13-14 октомври 2020 година, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ќе се одржи Меѓународна студентска конференција на младите уметници и научници - СКУН.  Се повикуваат сите заинтересирани студенти на Институтот за физика при ПМФ - Скопје да земат активно учество на конференцијата. За повеќе информации околу пријавувањето отворете го прикачениот документ.

симни документ


22 април 2020

Јавни видеоконференциски одбрани на магистерски трудови

1. На 29.04.2020 година (среда) со почеток во 13:00 часот, Горан Крстиќ ќе го брани својот магистерски труд под наслов „Споредба на мануелна и автоматизирана метода AMPED 5 за објекти од кривични дела преку форензичка обработка на слика и видео“.  Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциската платформа zoom. (https://us02web.zoom.us/j/814404829     Meeting ID: 814 404 829)

2. На 29.04.2020 година (среда) со почеток во 14:30 часот, Ивана Пројковска ќе го брани својот магистерски труд под наслов „Форензичка анализа на стаклени фрагменти со спектроскопија во видлива светлина и со SEM-EDX“.  Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциската платформа zoom. (https://us02web.zoom.us/j/582579344     Meeting ID: 582 579 344)

3. На 30.04.2020 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, Весна Манчевска ќе го брани својот магистерски труд под наслов „Истражувања на продукти од испалување на некои пиротехнички материјали со методите на XRF и SEM-EDX“.  Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциската платформа zoom. (https://us02web.zoom.us/j/150073413   Meeting ID: 150 073 413)

4. На 30.04.2020 година (четврток) со почеток во 13:00 часот, Гоце Марков ќе го брани својот магистерски труд под наслов „Форензичка идентификација на моторни возила“.  Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциската платформа zoom.  (https://us02web.zoom.us/j/635082453    Meeting ID: 635 082 453)



12 март 2020

Конкурс за постдокторски студии на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Загреб

Одделот за физика на Природно-математичкиот факултет во Загреб бара кандидати за постдокторски студии од областа Физика на кондензирана материја. За повеќе информации отворете го прикачениот документ.

симни документ


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | следно >>
© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.